Унгарски МОЛ презема 120 бензиски станици на ОМВ Словенија

Вредноста на купопродажниот договор е 301.000.000 евра,

300

Унгарската нафтена групација МОЛ купи мрежа од 120 бензински пумпи управувани од австриски ОМВ во Словенија, а аквизицијата треба да ја одобрат надлежните државни регулатори.

Вредноста на купопродажниот договор е 301.000.000 евра, соопшти денеска компанијата МОЛ.






МОЛ ќе добие 92,25 отсто од ОМВ Словенија, бидејќи една од нејзините компании во групацијата, хрватската ИНА, веќе има 7,75  отсто.

Со 48 колку што моментално има  продажни објекти МОЛ и 5 брендирани бензински пумпи ИНА во Словенија, МОЛ Групацијата ќе располага со 173 бензински пумпи и ќе стане трет играч на пазарот на мало во Словенија.

МОЛ Групацијата е интегрирана, меѓународна компанија за нафта и гас, со седиште во Будимпешта, Унгарија. Групацијата е активна во над 30 земји со динамична меѓународна работна сила од 26 000 луѓе.

 

Поврзани содржини