📷 УНГАРСКИ ДРОНОВИ ШПИУНИРАЛЕ ЗА РУСИЈА КАЈ КАРПАТИТЕ? Зеленски обвини, доби одговор дека го изгубил умот

Наредив да се проверат сите достапни информации и да се достават итни извештаи за секој регистриран инцидент, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски. Унгарскиот министер за надворешни работи на социјалните мрежи одговори дека Зеленски го губи разумот.

173

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска соопшти дека извидувачки дронови, кои најверојатно ѝ припаѓаат на Унгарија, го нарушиле воздушниот простор на Украина долж границата. Ова е прв ваков пријавен инцидент.

Во изјава објавена на социјалната мрежа Икс, Зеленски рече дека украинските сили забележале упади на дронови над пограничните области и дека прелиминарните проценки сугерираат оти беспилотните летала „спроведувале извидување на индустрискиот потенцијал на пограничните области на Украина“.






„Наредив да се проверат сите достапни информации и да се достават итни извештаи за секој регистриран инцидент“, рече Зеленски.

На социјалните мрежи се појавија непроверени слики и тврдења за наводниот инцидент.

 

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, ги отфрли забелешките на Зеленски, пишувајќи на Икс: „Претседателот Зеленски го губи разумот поради неговата антиунгарска опсесија. Сега почнува да гледа работи што ги нема“.

„На ова следуваше одговор од украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха. „Почнуваме да гледаме многу работи, Петер, вклучувајќи го лицемерието и моралното деградирање на вашата влада, отворената и прикриената работа против Украина и остатокот од Европа, служејќи како послушник на Кремљ“, напиша Сибиха.

Меѓу другото, Украина денеска им забрани влез на тројца високи унгарски воени претставници, како одговор на слични одлуки на Будимпешта.

„Воведовме забрана за влез на тројца високи унгарски воени претставници. Унгараија за секој чин на непочитување ќе добие адекватен одговор, посебно за непочитување на нашата армија“, објави Сибиха.

Обвинувањата меѓу Зеленски и Сијарто доаѓаат откако во неколку Полска, Естонија, Данска и во Германија во рок од една недела беа посведочени инциденти со дронови. Европските држави го вперија прстот кон Москва. Официјален Кремљ ги негираше наводите.

Поврзани содржини