УНГАРИЈА, СЛОВАЧКА И ЧЕШКА ВО СОЈУЗ НА СКЕПТИЦИ ЗА УКРАИНА Орбан, Фицо и Бабиш ќе се спротистават на помошта од Брисел за Киев

Мислам дека тоа ќе се случи и ќе стане сè повидливо, вели главениот политички советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, прашан за можноста за формирање блок на скептици за Украина во Европскиот совет.

265

Унгарија се обидува да ги здружи силите со Чешка и со Словачка со цел да формира блок на земји во рамките на Европската Унија кои се скептични кон понатамошната помош за Украина. Таквиот потег би можел значително да ги комплицира напорите на Брисел да обезбеди континуирана финансиска и воена поддршка за Киев, пишува Политико.

Балаж Орбан, главен политички советник на унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека се надева дека ќе се здружи со Андреј Бабиш, чија десничарска популистичка партија победи на неодамнешните парламентарни избори во Чешка, како и со словачкиот премиер Роберт Фицо. Според него, целта е да се одржат состаноци на кои ќе се координираат ставовите пред претстојните самити  на лидерите на ЕУ.






Иако сè уште не е постигнат силен политички сојуз, неговото формирање би можело значително да ги комплицира напорите на ЕУ да обезбеди финансиска и воена поддршка на Украина.

– Мислам дека тоа ќе се случи – и ќе стане сè повидливо – рече Балаш Орбан, прашан за можноста за формирање блок на скептици за Украина во Европскиот совет.

Тој потсети на моделот на соработка на таканаречената Вишеградска четворка (Унгарија, Чешка, Словачка и Полска) за време на мигрантската криза во Европа.

– Функционираше многу добро за време на мигрантската криза. Така успеавме да се спротиставиме – рече тој, осврнувајќи се на периодот по 2015 година, кога евроскептичната партија „Право и правда“ беше на власт во Варшава.

Според „Политико“, новиот сојуз би се состоел од 3, а не од 4 членки. Сегашниот премиер на Полска од централно-десничарската партија Доналд Туск е цврсто про-украински ориентиран и веројатно нема да се приклучи на каков било сојуз со унгарскиот премиер.

Поврзани содржини