УНГАРИЈА НЕМА ДА ГО УАПСИ ПУТИН Меѓународниот кривичен суд го смета за необјективен и пристрасен

Доналд Туск одби да екстрадира човек осомничен за терористички напад во кој беше кренат во воздух „Северен тек 2“. Тој случај доволно говори за тоа колку се објективни и непристрасни оние кои денес му се закануваат на Путин, потсети Сијарто.

115

Унгарија нема да постапи по налогот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во случај на евентуално апсење на рускиот претседател Владимир Путин за време на неговата посета на Будимпешта, соопшти министерот за надворешни работи Петер Сијарто

Изјавата на шефот на унгарската дипломатија следува откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски порача дека Варшава „не може да ја гарантира безбедноста“ на летот на рускиот претседател доколку неговиот авион прелета над полска територија, а беа навестени дури и можности за принудно слетување по налог на МКС.






Коментирајќи ги изјавите од Полска, Сијарто на својот блог го исмеа Шикорски поради „слепото верување во независноста“ на Меѓународниот кривичен суд.

– Шикорски мисли на „независен“ суд кој, по налог на тогашниот шеф на Европскиот совет Доналд Туск, одби да екстрадира човек осомничен за терористички напад во кој беше кренат во воздух „Северен тек 2“. Тој случај доволно говори за тоа колку се објективни и непристрасни оние кои денес му се закануваат на Путин, порача Сијарто.

Тој истакна дека Унгарија нема да дозволи ниту една меѓународна институција да диктира нејзини одлуки кои се однесуваат на суверенитетот и односите со други држави.

Поврзани содржини