УНГАРИЈА НЕ ПРИФАЌА КАПАК НА ЦЕНАТА НА ГАСОТ Сијарто вели дека планот е против унгарските интереси

Сијарто додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“.

125

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

– Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси – рече Сијарто во видео снимка на Фејсбук.






Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“.

– Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање, туку физичка реалност – рече Сијарто.

Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.

Поврзани содржини