УНГАРИЈА ИНИЦИРА САМИТ МЕЃУ ЕВРОПА И РУСИЈА Заканата од трета светска војна може да ја намалат само Трамп и Путин, вели Орбан

Унгарија ги поздравува преземените чекори во преговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува понатамошниот процес на преговори, со посебен осврт на втора средба меѓу нив, објави унгарскиот претседател Виктор Орбан, по онлајн самитот на Европската Унија.

118

 

Денеска се одржа состанок на лидерите на 27-те земји членки на Европската Унија. Беше потврдено дека заканата од Трета светска војна може да се намали само со состанок меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин, објави унгарскиот претседател Виктор Орбан на својот профил на Фејсбук, по онлајн самитот на Европската Унија.






Исто така, беше потврдено дека стратегијата за изолација на Русија не успеа и дека украинскиот конфликт не може да се реши на фронтот, туку само преку дипломатски напори, додаде Орбан.

Тој додаде дека е исто така јасно оти членството во ЕУ не може да ѝ обезбеди на Украина никакви безбедносни гаранции и дека поврзувањето на европската интеграција со безбедносните прашања е „бескорисно и опасно“.

„Унгарија ги поздравува преземените чекори во преговорите меѓу Трамп и Путин и го поддржува понатамошниот процес на преговори, со посебен осврт на втора средба меѓу Трамп и Путин. На дневен ред е унгарската иницијатива, за да може Унијата што поскоро да иницира самит меѓу Европа и Русија“, додаде унгарскиот претседател.

Поврзани содржини