УНГАРИЈА ЌЕ ЈА ПРОИЗВЕДУВА ВАКЦИНАТА СПУТНИК V Фабриката ќе почне да работи следната есен
Унгарија е првата земја од ЕУ што одлучи да набави вакцина Спутник V дури и пред да биде одобрена од Европската агенција за лекови.
Унгарија започна изградба на фабрика за производство на руската вакцина против коронавирус Спутник V. Во план е да биде завршена наесен следната година.
Унгарскиот министер за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто изјави дека со нејзината изградба ќе се придонесе за постигнување на глобалната цел за одржливо снабдување со вакцини против коронавирус, пренесува РИА Новости.
– Руската вакцина се покажа како многу добра, особено ако се погледне бројот на заразени по вакцинацијата.Нивото на заштита е екстремно високо, руската вакцина работи многу добро – рече Сијарто.
Тој додаде дека Унгарија немаше да може да спроведе толку брза вакцинација против корона вирусот доколку не ја набави руската вакцина.
Унгарија е првата земја од ЕУ што одлучи да набави вакцина Спутник V дури и пред да биде одобрена од Европската агенција за лекови.