Унгарија ја изненади големата Франција

Со голот на Фиола во 47 минута од првото полувреме Унгарците поведоа и со позитива од еден гол заминаа на заслужен одмор во соблекувалните.

358

Унгарските фудбалери ја измачија француската репрезентација и успеаја да извлечат бод на денешниот натпревар.

Со голот на Фиола во 47 минута од првото полувреме Унгарците поведоа и со позитива од еден гол заминаа на заслужен одмор во соблекувалните.






Второто полувреме започна со прилично голем притисок од страна на Французите, а Унгарците успешно се бранеа сè до 66 минута кога Гризман ја внесе топката во нивниот гол.

Сега Франција е прва во групата со 4 бода, втора е Португалија со 3, Унгарија е трета со 1 бод, а Германија е последна со ниту еден освоен поен.

Поврзани содржини