УНГАРЕЦ ПОЧИНАЛ ВО СКОПЈЕ Му се слошило на улица, паднал во бесознание

627

Државјанин на Унгарија почина во саботата во Скопје, откако му се слошило додека се наоѓал на улица.

Според информациите на МВР, на 23 август 2025 година на улица 11 Март на 61-годишниот Е.М. од Унгарија ненадејно му се слошило, по што бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.






Тој бил донесен во бесознание и набргу починал.

Случајот е пријавен во СВР Скопје, а причините за смртта ќе бидат утврдени по обдукција.

Поврзани содржини