УНЕСКО со алармантна порака: Охрид да се стави на листата светско наследство во опасност

Од УНЕСКО бараат забрзано спроведување на препораките и за Северна Македонија и за Албанија а тоа се уривање на веќе изградените дивоградби и почитување и спроведување на мораториумот за градба на крајбрежјето.

455

Центарот за светско наследство на УНЕСКО го објави извештајот на реактивната мониторинг мисија која во јануари минатата година го посети Охридскиот региони во кој има една јасна препорака, Охридскиот регион да добие нов статус – „Светско наследство во опасност“.

Извештајот од 125 страници детално ја анализира состојбата во регионот, што е направено и превземено како и кои препораки воопшто не се земени предвид и не е постапувано по нив. Од УНЕСКО бараат забрзано спроведување на препораките и за Северна Македонија и за Албанија а тоа се уривање на веќе изградените дивоградби и почитување и спроведување на мораториумот за градба на крајбрежјето.






„Инвентарот на нелегалните градби е чекор напред, но уривањето на нелегалните објекти тече премногу бавно, посебно во Северна Македонија. Мораториумот на сите урбани трансформации и промени на брегот кој беше препорачан во 2017 година беше воспоставен во август 2019 година, по двегодишно одложување, од општините Охрид, Струга и Дебрца во Северна Македонија. Но, одлуките на општините вклучуваат неколку исклучоци за бројни градежни активности, и со тоа се губи смислата на мерката. Мисијата смета дека мораториумот треба да биде построго спроведуван и исклучоците да бидат значително ограничени “, стои во извештајот на УНЕСКО.

Оттаму конастаираат дека не постапувањето по препораките од 2017 година дополнително ја влоши и онака лошата состојба во која се наоѓа регионот кој е под силен удар на самоволие, урбаната мафија и необјасниот незаинтересирана локална власт и држѓавни институции.

„Сето тоа доведе до несoодветни интервенции, негативни ефекти врз градското планирање, предлози за проекти од големи размери што резултира во сериозно влошување на состојбата на урбаниот, руралниот и природниот пејзаж и клучните атрибути на исклучителната универзална вредност. Затоа Охридскиот регион ги исполни условите за впишување на Листата на светско наследство во опасност“, заклучуваат во извештајот на УНЕСКО.

 

Поврзани содржини