УНЕСКО или рејтингот пред избори уриваат дивоградби на плажите во Охрид
За почеток се отстранува и демонтира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивните плажи и локации на истoчниот брег на Охридското Езеро.
Под силно полициско обезбедување денеска почна најавуваната акција за отстранување на нелегалните градби и урбана опрема од плажите во градското подрачје на Охрид.
За почеток се отстранува и демонтира платформата во езерото пред „Куба Либре“, една од најатрактивните плажи и локации на истониот брег на Охридското Езеро.
Акцијата беше очекувана со оглед што уште пред една седмица во близина на неколкуте плажи зад мостот на Студенчишкиот канал кај Охрид беше распоредена механизација, а вчера сите објекти во тој дел беа искучени од системот за напојување со електрична енергија.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески неодамна најави дeка ќе се отстрануваат сите нелегални објекти и градби од сите плажи на кои им се истечени договорите за концесија, вклучувајќи ги и петте што влегуваат во опфатот на ГУП-от.