ЈУНАК СЕ ИЗБРА, ИЗНАЈДЕ! Агенцијата за млади и спорт ќе го „спаси“ Охридскиот маратон

Нема да дозволиме овој познат реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја презеде организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници – појасни Агенцијата за млади и спорт.

675

Агенцијата за млади и спорт соопшти дека со владина поддршка ја презема организацијата на Охридскиот маратон, откако претходно Националната пливачка федерација поради финансиски проблеми и блокирана сметка донесе одлука годинава да не го организира овој традиционален спортски настан.

„Годинава е 60-годишниот јубилеј на Охридскиот маратон. Како традиција, која Охрид и државата ги става во центарот на светската спортска мапа, Агенцијата за млади и спорт, заедно со Владата и сите надлежни институции, нема да дозволат овој познат реномиран и светски признаен пливачки маратон да прекине и ќе ја презеде организацијата за одржување на маратонот. И годинава, Охридскиот маратон во водите на Охридското езеро ќе ги пречека сите пријавени учесници и ќе продолжи да биде атракција како за вљубениците во спортот, така и за граѓаните на Охрид и за сите туристи кои наменски доаѓаат токму за да го проследат овој голем спортски настан – соопшти Агенцијата.






АМС најави дека утре во просториите на општина Охрид ќе одржи прес-конференција на која ќе бидат објавени деталите околу организацијата на Охридскиот пливачки маратон.

Реакцијата на општина Охрид и на АМС дојде откако Националната пливачка федерација поради финансиски проблеми и блокирана сметка донесоа одлука да не го организираат Охридскиот пливачки маратон.

Првиот човек на Федерацијата, Горан Стојановски, го обвини претходното раководство предводено од Александар Малеко дека оставило повеќе неисплатени обврски и парични награди за пливачите за маратоните во 2019 и 2021 година.

Маленко, пак, со свое соопштение објави дека тој организира три Охридски пливачки маратони во 2018,2019 и 2021 година и притоа не добил ниту еден денар од државата ниту од генералниот покровител, претседателот на Македонија.

– Од 2018 година до 2021 година беа организирани три Меѓународни традиционално Охридски пливачки Маратони во ФИНА светска серија – 25км (2018, 2019, 2021г) како и Олимписка Дисциплина ФИНА-светска серија и ЛЕН европски куп (2018, 2019, 2021г) и ФИНА супер финале 2021 година – 10 километри. За волја на вистината, еден денар – ЕДЕН ДЕНАР, ДОЛАР, ЕВРО НЕ СЕ ИСПЛАТЕНИ ниту од ДРЖАВА ниту од Генерален Покровител – Претседател на Држава за 2018, 2019, 2021 година на Пливачка Федерација (носител на лиценца за организација) а добиени се највисоки награди во историја на олимписки спорт и Македонија за техничка организација од ФИНА – 9 плакети и Лен – 3 плакети на Технички Организатор Пливачка Федерација и нејзино раководство период 2018-2021 година!!! – стои меѓу другото во соопштението на Маленко.

Поврзани содржини