📽 ЈУНАЈТЕД МУ ПЛАТИ 73 МИЛИОНИ, А ТОЈ ИГРА СО МААЛСКИТЕ ДРУГАРИ Куња реши да им остане верен на корените
Потегот на Матеус Куња носи емоција за навивачите во Бразил, но грижа за новиот клуб кој во него вложи милионски сума и очекува дисциплина и професионализам од него.
Додека Манчестер Јунајтед го претставува како своето најголемо летно засилување, Матеус Куња реши да им остане верен на корените, со топка на мал терен во родниот Жоао Песоа, во друштво на пријателите од маало.
Иако Куња е официјално на одмор, овој импровизиран натпревар далеку од Англија веројатно не им падна лесно на челниците на клубот, а најмалку на новиот тренер Рубен Аморим.
Куња дојде во Манчестер Јунајтед од Вулверхемптон за 73 милиони евра, како прво и засега најскапо засилување во новата ера на клубот. Откако настапи за бразилската репрезентација во квалификациите за Светското првенство 2026, тој замина на кратко во Бразил, токму во градот на источниот брег, Жоао Песоа.
Но, одморот го искористи по свое – со маалска партија мал фудбал, веројатно од љубов, но и од навика. Потег што носи емоција за навивачите во Бразил, но грижа за новиот клуб кој во него вложи милионски сума и очекува дисциплина и професионализам.
Just Matheus Cunha playing 5-a-side on the streets of his hometown Joao Pessoa 👀🇧🇷 pic.twitter.com/T20G7ZeUjv
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) June 17, 2025