ЈУНАЈТЕД ГО ШУТНА РОНАЛДО ПРЕКУ СООПШТЕНИЕ Кристијано не е повеќе „црвен ѓавол“

Ова значи дека Роналдо автоматски станува слободен агент, па ќе може да си направи слободен трансфер во јануарскиот преоден рок.

332

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо, дочека да биде отпуштен од работа по своето интервју преку кое што го критикуваше тренерот Тен Хаг, а го критикуваше и својот клуб Манчестер Јунајтед.

Таквите тешки зборови, очигледно, некој не можеше да му ги прости. Манчестер Јунајтед како клуб вечерва извести за неизбежното, односно соопшти дека Роналдо веќе нема никаква врска со „црвените ѓаволи“.






Со кратко соопштение, Јунајтед информираше дека двете страни спогодбено се договориле за предвремен раскин на договорот, кој стапува на сила веднаш.

„Кристијано Роналдо ќе си замине од Манчестер Јунајтед со моментален ефект откако двете страни постигнаа взаемен договор за тоа. Клубот му се заблагодарува за неговиот огромен придонес во двата периоди на Олд Трафорд, постигнувајќи 145 гола во 346 натпревари, и му посакува само добро на него и на неговото семејство во иднина. Сите во Манчестер Јунајтед остануваат фокусирани на продолжување на напредокот на тимот под водство на Ерик тен Хаг, но и на работата заедно да постигнеме успех на теренот“, гласи соопштението.

Ова значи дека Роналдо автоматски станува слободен агент, па ќе може да си направи слободен трансфер во јануарскиот преоден рок.

Поврзани содржини