УМС на ВМРО-ДПМНЕ во посета на граѓани кои протестираат со глад пред Собрание за поддршка на уставобранителите
Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ги посети тројцата граѓани коишто протестираат со глад пред Собранието, како резултат на својот револт којшто го чувствуваат за неправедно притворените за уставобранителите и велат дека нема да отстапат од нивните барања, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
– Ова е само доказ колку е безизлезна ситуацијата во нашата држава кога луѓе се одлучуваат да посегнат дури и по сопственото здравје се со цел да истераат некаква правдина во Република Македонија. Ние како Унија на млади сили ќе продолжиме да им даваме максимална поддршка и денес и во деновите кои следат и порачуваме дека нема да се откажеме од нашите барања и нашата борба, од причина што доколку можат овие луѓе на нивна возраст да го прават ова што го прават, ние младите немаме апсолутно никакво оправдување зошто да бидеме летаргични и да не се спротивставиме на сите овие неправди кои што Зоран Заев и СДСМ и ги нанесуваат на Република Македонија – велат од УМС.