Британскиот сликар Џон Опи, кој живеел во 18 век и бил познат по својте портрети, ни крив ни должен се нашол во среде кампања за локалните избори кои во БиХ ќе се оддржат на 15 ноември.
Опи за време на живото станал славен британски уметник и кога починал во 1807 година погребан е во лондонската катедрала св. Павле.
Два века подоцна, одненадеж уметникот несакајќи стана предмет на интерес на Неџад Ајнаџиќ, воен генерал на Армијата на БиХ и началник на сараевската општина Центар.
Ајнаџиќ сакајќи да биде оригинален, кампањата ја води така што во центарот на градот поставил големи гранитни блокови на кои се испишани различни цитати, најчесто такви кои му се припишуваат на Алија Изетбеговиќ, покојниот претседател на Претседателството на БиХ.
„Учениот човек е жив и кога ќе умре“, „Паметниот човек знае да зборува. Мудриот знае да молчи“, се само некои од цитатите кои осамнале во градот.
На камениот блок поставен до Првата гимназија во која учеле нобеловците Иво Андрќ и Лавослав Ружичка, е поставен цитатот „Науката открива, уметноста создава“а под натписот е ставен стилизиран потписот на Изетбеговиќ.
Но тоа не е цитат на Изетбеговиќ туку на уметникот од 18 век Опи.