УМЕРЕНО ОБЛАЧНО СО СЛАБ ВЕТЕР Температурата ќе достигне до 16 степени

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност.

123

Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Како што информираат од УХМР, минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.






Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и значителна ниска облачност, а преку денот умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

 

Поврзани содржини