Познатата актерка Ума Турман најде нов партнер во Њујорк, а ги споило – куче. Ѕвездата на филмот „Убиј го Бил“ се придржувала до сите епидемиолошки мерки во врска со пандемијата на коронавирусот, па во текот на карантинот престојувала во својот дом во Хемптонс.
Летоска, таа отишла на прошетка на плажа, а тоа резултираше во фатална средба со архитектот Питер Себет, пишуваат американските медиуми.
„Питер немаше поим која е Ума. Шетала на плажа, попозната како Лонг Бич, и се нашла покрај него, па тој ја прашал дали сака да го причува неговото куче додека тој одел на пливање – изјави извор близок на парот.
Ума, кој исто така има куче, се согласила на неговото молба, а парот не можел да се раздели после тоа.
„Сега, неколку месеци подоцна, тие се лудо за вљубени и планираат заедно да купат недвижност во Хемптонс“, истакнал изворот.
Актерката во последно време ја поврзуваа со Андреа Балас, а таа ништо не коментираше за гласините за новата врска.
Ума Турман беше во брак со актерот Итан Хоук, со кого има две деца – ќерката Маја и синот Левон, а со нејзиниот поранешен свршеник Арпад Бејсон ја има ќерката Росалинда, попозната како Луна.
ФОТО: www.dailymail.co.uk