Уловени! Џенифер Лопез и Бен Афлек страсно се бакнуваат пред нејзините деца (ВИДЕО)

1,030

По долгите шпекулации и заеднички фотографии, Џенифер Лопез и Бен Афлек со новите фотографии потврдија дека се вљубени до уши.

Старо-новата двојка беше снимена како разменува страсни бакнежи, со што ги потврдија гласините кои кружеа со недели за обнова на врската во која беа пред речиси 20 години.






Фотографиите од папараците објавени во понеделникот во „Њујорк пост“ ги покажуваат двајцата актери како во неделата се бакнуваат во ресторан во Малибу, близу Лос Анџелес. Со нив биле и децата, мајката и сестрата на Џеј.Ло.

Лопез и Афлек, кои го добија прекарот „Бенифер“, беа славната двојка за која најмногу се зборуваше во раните 2000-ти.

Тие нагло ја откажаа венчавката во 2003 година и раскинаа неколку месеци подоцна.

Во последните недели, двојката беше снимена неколкупати заедно во Лос Анџелес и Мајами, откако Лопез ја раскина свршувачката со поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез по четиригодишна врска.

Фотографиите објавени во понеделникот се првите на кои парот разменува нежности.

„Е! Њуз“ минатата недела објави, повикувајќи се на неименуван извор, дека Лопез планира да се пресели од Мајами во Лос Анџелес за да поминува повеќе време со Афлек (48) и дека бара училиште за нејзините 13-годишни близнаци Макс и Ема.

Близнаците ги доби со пејачот Марко Ентони со кого се омажи само пет месеци по раскинувањето со Афлек.

Тој, пак, беше оженет со актерката Џенифер Гарнер од која исто така се разведе.

ФОТО: Јутјуб

Поврзани содржини