Уловена: Џенифер Анистон сѐ уште го носи свршеничкиот прстен кој го доби од Бред Пит ФОТО

608

Во изминатите неколку месеци ја видовме оваа фотографија повеќе од 100 пати! Кога поранешните сопружници се поздравија на доделувањето на САГ наградите во јануари, сите се одушевија од нивната блискост и насмевките, но го пропуштија можеби најважниот детаљ…

Како што пишува британскиот „Мирор“, Џенифер Анистон понекогаш го носи свршеничкиот прстен со кој Бред Пит ја запросил во сега веќе дамнешната 1999 година.






Станува збор за парче накит кое чинело околу 500.000 долари и е едно од најубавите кое сме го виделе во светот на славните, а се состои од крупен дијамант опкружен со помали дијаманти, распоредени во спирала.

Тоа, меѓутоа, не е најинтересното – не само што Џенифер го задржала прстенот по разводот и сега го става одвреме-навреме туку наводно го носела и кога таа и Бред Пит се сретнаа оваа година, првпат во јавност и пред камерите откако се разведоа!

Порталот „The Cheat Sheet“ напишал дека обожавателите со остро око забележале дека Џенифер на фотографијата на која се поздравува со Бред, на раката го имала прстен кој неверојатно потсетува на оној со кој актерот ја запросил пред повеќе од 20 години. Актерката не ги коментирала овие наводи, како што и обично останува нема на озборувањата за Бред и неа, а сите се прашуваат дали со тоа сакала да му испрати некаков сигнал на поранешниот сопруг или едноставно не одолеала на убавината на прстенот. Секако, постојат и обожаватели кои сметаат дека овие два прстена само потсетуваат еден на друг и дека Џенифер носела друг прстен.

Инаку, Бред Пит имал големи заслуги за дизајнот на прстенот, со оглед на тоа што соработувал со дизајнерката Силвија Дамијани при неговата изработка, а наводно прстенот е инспириран од обетките кои еднаш ги видел на Џенифер. Години подоцна, Бред ја тужел споменатата дизајнерка бидејќи имал договор со неа прстенот да остане уникат, но таа изработувала реплики на барање на клиентите.

Поврзани содржини