УЛИЦИТЕ ВО ХАГ КАКО ВОЕНА ЗОНА Повредени петмина полицајци, повеќе лица се приведени (ВИДЕО)
Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога, во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје, а 51 лице беа уапсени.
Вашинтготн пост пренесува дека доцна синоќа во неколку градови во Холандија имало нoви судири меѓу полицијата и демострантите против построгите владини мерки за спречување на ширењето на ковид-19, при што петмина полицајци се повредени, а седум лица се уапсени.
Судири меѓу интервентната полиција и демонстрантите избија во Хаг, каде полицијата употреби водени топови за да ја растера толпата.
Помали судири имало во градот Урку и во градовите во провинцијата Лимбург, каде гневните навивачи прекинаа два фудбалски натпревари кои се одиграа без публика поради ковид протоколите.
Насилството, сепак, беше значително помало од претходната вечер кога, во „оргија на насилство“, како што ја нарече градоначалникот на Ротердам, три лица беа ранети од огнено оружје, а 51 лице беа уапсени.
Холандија минатата недела стана првата западноевропска земја што воведе делумно „заклучување“ оваа есен поради зголемување на заразените со коронавирус.
Мерките ќе важат најмалку три недели, а се планираат и нови, како ограничување на влезот на невакцинирани лица на некои локации.