📽 УЛИЦИТЕ НА ТЕХЕРАН СЕ ПОЛУПРАЗНИ Дали Израел ја искористи истата тактика како во Газа?

Израел, повторувајќи ја тактиката што често ја користи во Газа, исто така ги повика жителите на југозападен Техеран да ги напуштат своите домови за да може да нападне воени цели. Комбинацијата од овие закани предизвика масовна евакуација од Техеран во последните денови.

217

Улиците на иранската престолнина Техеран се во голема мера пусти поради израелските напади, сугерираат снимки на социјалните мрежи. Израел утринава со 50 авиони нападна нуклеарни постројки во Иран.

Во Техеран, покрај затворените продавници и дуќани, повремено поминуваат автомобил или луѓе на скутери.






Израел, повторувајќи ја тактиката што често ја користи во Газа, исто така ги повика жителите на југозападен Техеран да ги напуштат своите домови за да може да нападне воени цели. Комбинацијата од овие закани предизвика масовна евакуација од Техеран.

Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот, 17 јуни, предупреди дека сите треба „веднаш да се евакуираат“. Ден претходно, на 16 јуни , иранските медиуми известија за големи сообраќајни метежи и застој на патиштата што водат северно од градот.

 

 

 

Израел го нападна Иран шеста ноќ по ред. Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Израл направил „голем грешка“ и вети дека ќе биде „казнет“ за тоа. Во својот говор во средата, 18 јуни, Хамнеи предупреди дека „секоја воена интервенција на САД несомнено ќе предизвика непоправлива штета“.

Исто така, Кина евакуираше свои државјани од Иран.

– Речиси 800 кинески државјани се преместени од Иран во „безбедни зони – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, додека повеќе од 1.000 други лица веќе се во процес на евакуација.

Во меѓувреме, членовите на семејствата на британскиот персонал во Амбасадата во Тел Авив и во Конзулатот во Ерусалим во Израел се привремено повлечени. Амбасадата и Конзулатот остануваат отворени, но овој потег ги отсликува чекорите преземени од другите дипломатски мисии додека борбите продолжуваат.

Американската амбасада во Ерусалим е затворена барем до петок, според соопштението на Стејт департментот.

 

📽️ 📷 ХАОС ВО ИРАНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА Жителите масовно го напуштаат Техеран по израелските напади

Поврзани содржини