УЛИЦИ ВО СКОПЈЕ УТРЕ БЕЗ СТРУЈА Еве каде ќе има прекини

314

ЕВН Македонија АД соопшти дека утре, понеделник, без електрична енергија ќе останат неколку улици во Скопје.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот, струја ќе нема на дел од улицата Ацо Караманов (на почетокот, каде што завршува Водњанска), дел од улицата Водњанска спроти Судска медицина, улицата Љубо Здравковски Орлов.






Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, дел од улиците Зеничка, Душан Ташковиќ и Коце Металец во општина Гази Баба.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од улицата Ѓорче Петров зграда бр.33 и 35, дел од улиците Смољане, Јосиф Ковачев, Сагудати, Црвена армија, амбулантата „Диамед“, Старо кино, киосци на дел од улицата Ѓорче Петров, фирмата Трикотажа во општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 11:00 до 14:00 часот, дел од улицата Индира Ганди околу пазарот во општина Шуто Оризари.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот, дел од булеварот Партизански одреди зграда бр.64б влез 1 и 2 (Б4). 

Поврзани содржини