УЛИЧНИ СВЕТИЛКИ ГОРАТ НА МАКСИМ ГОРКИ СРЕД БЕЛ ДЕН! Улицата во центарот на Скопје не знае за штедење? (ФОТО)
Улицата Максим Горки во Скопје е позната по своите јапонски цреши и тоа што таа води кон скопскиот плоштад.
Редакцијата на Плусинфо успеа да улови дека денеска во 15 часот и 15 минути на улицата Максим Горки во центарот на Скопје, уште горат канделабрите и покрај препораките за штедење на Владата. Европа се спрема за една од најпроблематичните зими во последните години и целиот континент воведува штедење на струја. Најголемите европски градови ќе ги изгаснат светлата за своите знаменитости, како Ајфеловата кула или Браденбуршката порта.
Улицата Максим Горки во Скопје е позната по своите јапонски цреши и тоа што таа води кон скопскиот плоштад.