Улицата Востаничка во општината Кисела Вода за околу два месеца ќе добие нов лик. Од денеска екипи на Град Скопје вршат реконструкција на оваа значајна сообраќајница, на потегот од улицата Црниче до улицата Свети Наум Охридски. На оваа делница долга 1.100 метри ќе се обноват коловозот и рабниците, а ќе се реконструираат и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што е неопходно.
Улицата Востаничка е продолжение на улиците Бихаќка и Црниче кои беа предмет на реконструкција минатата година. Ќе се направат нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување.
Вредноста на реконструкцијата на улицата Востаничка изнесува околу 15 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 50 дена.