Улицата Бојмија во Аеродром станува еднонасочна
Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците - изјави градоначалникот Златко Марин.
Деновиве се поставува хоризонтална и вертикална сигнализација за воведување еднонасочен режим на улицата Бојмија во населбата Острово, зад Трговскиот центар „Скопјанка“, во правец кон Железничката станица, наведено е во соопштението од Општина Аеродром.
– Воведувањето на новиот сообраќаен режим ќе придонесе да се намали сообраќајниот метеж, а со тоа да се зголеми и безбедноста на пешаците – изјави градоначалникот Златко Марин.
Од идната недела ќе почне воспоставувањето на новиот сообраќаен режим и на улиците во населбата Лисиче, со вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, што ќе овозможи зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.