УЛИЦА ПРОГОЛТА КАМИОН ВО БЕЛГРАД „Нозете ми беа во канализацијата“ (ФОТО)

Возачот на камионот во изјава за националниот сервис истакнал дека воопшто не бил свесен што му се случило, кога едноставно камионот почнал да пропаѓа.

2,467

Комична сообраќајна несреќа се случила денеска во белградската населба Вождовац кога камион пропаднал во огромна дупка која се отворила на улицата по којашто се движел.

Поради дупката, овој дел на Белград останал без вода за пиење.






Возачот на камионот во изјава за националниот сервис истакнал дека воопшто не бил свесен што му се случило, кога едноставно камионот почнал да пропаѓа.

– Патосот на камионот пукна, бидејќи речиси цела кабина падна во асфалтот, нозете практично ми беа во канализација. Некако успеав да излезам од совозачката врата, не знам ни како, бев сам, а беше темно – изјавил камионџијата Горан Стојичевиќ.

Поврзани содржини