ЏУЛИЈАН АСАНЖ УСПЕА ДА СЕ ОЖЕНИ ВО ЗАТВОР Тој имал две деца со адвокатката што го бранеше

Во интервју за Мејл он Сандеј минатата година, Стела Морис, која е родена во Јужна Африка, откри дека е во врска со Асанж од 2015 година и дека сама ги одгледала нивните два мали сина. Таа рече дека Асанж го гледал раѓањето на двете момчиња преку видео врска и тие го посетиле нивниот татко во амбасадата на Еквадор во главниот град на Велика Британија.

458

Измачуваниот затвореник и познат новинар, Џулијан Асанж, основач на Викиликс, доби дозвола да се ожени со својата долгогодишна партнерка Стела Морис во затворот Белмарш, јавува Би-Би-Си. Стела е врвен адвокат, а се запознале со Асанж кога таа била најмена да го брани од неговата можна екстрадиција во Шведска. Нејзиното вистинско име е Сара Гонзалес, а потоа го сменила за да се заштити себе и двата сина за кои таа рече дека се зачнати додека живеела со Асанж во амбасадата на Еквадор во Лондон.

Затворската служба соопшти дека апликацијата на Асанж за женидба била „испитана на вообичаен начин од началникот на затворот“. Затворениците имаат право да аплицираат за брак во затвор според Законот за брак од 1983 година и кога ќе бидат одобрени барањата, тие мора да ги покријат сите трошоци за склучување на бракот.






Во интервју за Мејл он Сандеј минатата година, Стела Морис, која е родена во Јужна Африка, откри дека е во врска со Асанж од 2015 година и дека сама ги одгледала нивните два мали сина. Таа рече дека Асанж го гледал раѓањето на двете момчиња преку видео врска и тие го посетиле нивниот татко во амбасадата на Еквадор во главниот град на Велика Британија.

Австралиецот се наоѓа во затворот Белмарш од 2019 година, кога полицијата го изнесе од амбасадата на Еквадор во Лондон и го уапси поради кршење на условите за ослободување со кауција.

Поврзани содржини