Јулија Тимошенко вклучена на респиратор
Според информациите, здравствената состојба на Тимошенко била многу критична, температурата не се симнувала под 39 степени, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.
Поранешната премиерка на Украина, Јулија Тимошенко, која поради коронавирусот е во лоша состојба, приклучена е на респиратор.
Според информациите, здравствената состојба на Тимошенко била многу критична, температурата не се симнувала под 39 степени, па лекарите одлучиле да ја приклучат на респиратор.
Нејзината ќерка Евгенија и зетот Артур исто така се инфицирани со ковид-19, но тие имаат поблага форма на инфекцијата
Тимошенко (59), која два пати беше премиерка пред поразот на претседателските избори во 2010 година, стана првата висока украинска политичарка која заболела од ковид-19.
Во Украина оваа недела беше забележано нагло зголемување на бројот на заболени, со нови 2.328 случаи пријавени во саботат, 1.984 во неделата, 1.802 вчера и 1.658 денеска.
Вкупниот број на заболени со ковид-19 во земјата достигна 108.415 лица, a бројот на починати изнесува 2.318.