По речиси 30 години од остварувањето на „The Pelican Brief“, Џулија Робертс и Дензел Вашингтон повтоно ќе ги соединат своите сили – овојпат во филмот „Leave the World Behind“, во продукција на „Нетфликс“.
Сценариото ќе биде направено од мотиви на роман, кој што зборува за две семејства кои што се во добри односи.
Во едно од нив членовите се од белата раса, а во другото Афроамериканци, кои што според игра на случајноста ја делат изолираната викендичка сред недостаток на електрична енергија и колапс кој што го зафатил целиот град.
Телефони, телевизија, радио и интернет – ништо не работи, па мораат да пронајдат начин да дознаат што се случува надвор во светот.
„Нетфликс“ го добил овој проект кој што го посакувале и „Епл“ и „MГM“.