ЏУЛИЈА РОБЕРТС ГИ РАЗНЕЖНИ СИТЕ Со ретка фотографија им го честиташе 17. роденден на близнаците (ФОТО)
Холивудската ѕвезда сподели фотографија од своите деца, ќерката Хазел и синот Финеус.
Холивудската актерка Џулија Робертс (54) со објава на Инстаграм ги разнежни многубројните следбеници.
Имено, холивудската ѕвезда сподели фотографија од своите деца, ќерката Хазел и синот Финеус.
Таа со објавата им го честиташе 17-тиот роденден на своите близнаци.
View this post on Instagram
„17 најслатки години од животот“, напишала таа покрај фотографијата со близнаците додека сѐ уште биле бебиња.
Обожавателите се воодушевени од оваа фотографија бидејќи актерката ретко објавува фотографии од своето семејство.
Џулија ги доби близнаци во бракот со снимателот Даниел Модера, со кој го има и 14-годишниот син Хенри. И тој им го одбележа роденденот со фотографија за спомен.
View this post on Instagram
„Ви благодарам што ми помогнавте во татковството“, напишал тој покрај фотографијата направена за време на појадок.
Инаку, Модера и Џулија се во брак од 2002 година.
ФОТО: Инстаграм