Ќулавкова: Сенките на злото се надвиснаа над Македонија, а таа молчи и трпи

Слоганот „Македонија е бугарска" прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот - пишува Ќулавкова на „Фејсбук“.

1,164

Академик Катица Ќулавкова, очекува македонската држава но и меѓународната заедница да го осудат слоганот „Македонија е бугарска“ прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија, што претставува и закана по мирот.

– Aкo e нешто заедничко, тогаш не припаѓа само на едниот од двајцата. Таквото присвојување е извор на негација на инхерентните и суверени права на Другиот, другото лице на хегемонизмот и шовинизмот. Таквата историска свест е заслепена, пристрасна, примитивна, фрустрирана, конфликтна и опасна –  пишува академик Ќулавкова на Фејсбук.






За академик Ќулавкова, „Македонија е бугарска” прогласен за официјална стратешка цел на Бугарија е закана по мирот, а Македонската држава и меѓународната заедница, посебно ЕУ, треба да го осудат овој освојувачки политички дискурс без одлагање.

– Сенките на Злото се надвиснале над Македонија, а таа молчи и трпи во име на апстракции, лажни ветувања и заблуди. Време на големи манипулации, време на нови трагедии. Споделените места на меморија се духовно и културно наследство на народите, а некои од нив и на човештвото. Ним им се туѓи сите ексклузивни толкувања и присвојувања. Не можете безграничното да го стрпате зад решетките на заробениот ум –  вели Ќулавкова.

Поврзани содржини