УКРАЛЕ ТАКСИ И ГО ОШТЕТИЛЕ Четворица млади Британци завршиле во притвор

Четворицата Британци околу 01:50 часот одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба, информираат од МВР.

569

Од министерството за внатрешни работи информираат дека во утринските часови во Ченто биле приведени четворица Британци на 18 и 19 годишна возраст кои одзеле такси возило и притоа го оштетиле.

Како што стои во соопштението од МВР, во 05:45 часот на улица „Методија Андонов Ченто“, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија.






– Четворицата Британци околу 01:50 часот одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба – информираат од МВР.

Оттаму даваат лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини