УКРАЛ ТРАМВАЈ И СИ СЕ ПОВОЗИЛ Трамвајот е најден неоштетен

Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а во јавното претпријатие ЗЕТ покрената е внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.

122

Непознато лице синоќа украло трамвај во Загреб, го возело околу загрепското предградие Трешњевка, таму го оставило и заминало во непознат правец, пишува хрватскиот портал „Индекс“.

„Синоќа нешто пред 23 часот непознат сторител украл нископоден трамвај кој бил подготвен за сообраќај, го возел на исток кон улицата „Тратинска“, каде го оставил возилото и заминал во непознат правец“, соопшти јавното претпријатие за трамвајски сообраќај ЗЕТ.






Во трамвајот за тоа време немало патници, во инцидентот нема повредени, а возилото не е оштетено.

Полицијата запленила снимки од видео надзорот во возилото за да го пронајде сторителот, а од ЗЕТ велат дека е покрената внатрешна истрага за утврдување на одговорноста за овој пропуст.

Поврзани содржини