УКРАЛ ТОЈОТА СО ОСТАВЕНИ КЛУЧЕВИ ВО СКОПЈЕ Го пронашле за еден час, ама во Гостивар

Случајот околу пладне го пријавил вработен во Градежниот институт во скопската населба Карпош, а возилото било сопрено во еден часот попладне на улица Гоце Делчев во Гостивар.

1,005

Еден час ѝ бил потребен на полицијата да го пронајде крадецот на „Тојота хајлукс“ која била оставена на паркинг на Градежниот институт во Скопје сосе клучевите. Крадецот, Г.Б.(40) бил пронајден во Гостивар. Случајот околу пладне го пријавил вработен во Градежниот институт во скопската населба Карпош, а возилото било сопрено во еден часот попладне на улица Гоце Делчев во Гостивар.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини