УКРАЛ СТРУЈА ЗА 4.000 ЕВРА Маж од Велешта се приклучил на црно и заработи кривична

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 април 2025 година, при контрола на мерни броила во селото Велешта, вработен во ЕВН Македонија констатирал дека пријавениот извршил премостување на мерната опрема на мерното броило.

275

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против 64-годишниот А.К. од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 30 април 2025 година, при контрола на мерни броила во селото Велешта, вработен во ЕВН Македонија констатирал дека пријавениот извршил премостување на мерната опрема на мерното броило. Со тоа, тој преземал во целост нерегистрирана електрична енергија директно од дистрибутивната мрежа.






Како што информираат од полицијата, со ваквите дејствија му е нанесена штета на ЕВН Македонија во висина од 239.013 денари.

Случајот е целосно документиран, а против лицето е поднесена соодветна кривична пријава.

Поврзани содржини