УКРАЛ СТРУЈА ВРЕДНА МИЛИОНИ Скопјанец „премостил“ мерна опрема за да не плаќа

Стореното дело, според полицијата, било извршено така што со премостување на мерната опрема, без согласност од операторот на системот, тие преземале електрична енергија без да ја платат.

1,314

Фирма од Битола и нејзиниот управител – 50-годишен скопјанец, заработија кривична пријава за кражба на електрична енергија во огромна вредност од над 9,3 милиони денари, соопшти денес Секторот за внатрешни работи Битола.

Како што стои во официјалното соопштение, правното лице од Битола и лицето В.П. (50) од Скопје се сомничат дека во периодот од 1 февруари 2024 до 17 јануари 2025 година, на незаконски начин се стекнале со противправна имотна корист од цели 9.300.955 денари.






Стореното дело, според полицијата, било извршено така што со премостување на мерната опрема, без согласност од операторот на системот, тие преземале електрична енергија без да ја платат.

Против нив СВР Битола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Битола за кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, казниво по член 235-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини