УКРАЛ СТРУЈА ВО ВРЕДНОСТ ОД 3.000 ЕВРА Жител на струшко Подгорци тајно се приклучил на мрежата, трошел и не плаќал

Жител на струшкото село Подгорци незаконски се приклучил на електромрежата и користел струја без да биде евидентирана.

170

Маж од струшкото село Подгорци е пријавен за кражба на електрична енергија, откако инспектори утврдиле дека со премостување на мерната опрема директно се приклучил на мрежата и користел струја без да биде евидентирана.

Според информациите, контролата била извршена на 18 септември, кога било откриено дека 55-годишниот Н.А. незаконски преземал електрична енергија и на тој начин стекнал противправна корист од 184.329 денари.






Случајот е целосно документиран и пријавен, а истрагата продолжува.

Поврзани содржини