УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен скопјанец

Во временскиот период од 18.12.2025 до 4.2.2026 година во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари (45.000 евра), соопшти МВР.

280

Уапсен е скопјанец зашто од фирмата каде што е вработен одзел скоро три милиони денари , соопшти полицијата.

„Во Скопје вчера попладне, во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.В.(35) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од 4.2.2026 година. Според пријавата, во временскиот период од 18.12.2025 до 4.2.2026 година во продажно место на подрачјето на Бит Пазар, каде бил вработен како менаџер, во повеќе наврати неовластено одзел пари од касата, при што на правниот субјект му нанел штета во износ од 2.783.867 денари (45.000 евра)“, соопшти МВР.






По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни пријави по члелн 239 од Кривичниот законик за Затајување и по член 235 за кривичното дело Кражба.

Поврзани содржини