УКРАИНСКИТЕ СИЛИ СЕ ПОРАЗЕНИ Кадиров тврди дека Северодоњецк е „чист“
Чеченскиот лидер тврди дека украинските сили се поразени и дека руската војска ја контролира состојбата во градот и во околината.
Лидерот на руската република Чеченија, Рамзан Кадиров соопшти дека целосно завршено „чистењето“ на украинскиот град Северодоњецк, каде во последните неколку дена се водеа жестоки борби.
„Борците преминаа на наредната фаза, а тоа темелна проверка на одредени објекти – напиша Кадиров на Телеграм.
Тој додаде и дека украинските сили се поразени и дека руската војска ја контролира состојбата.