УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ ПРИВРЕМЕНО ГО ПАРАЛИЗИРАА РУСКИОТ АВИОСООБРАЌАЈ Откажани повеќе од 300 летови од и до Москва

Руското Министерство за одбрана објави за вкупно 273 соборени беспилотни летала во земјата, без да даде информации за штетите.

83

Украина привремено го парализираше воздушниот сообраќај во руската престолнина со нападите со беспилотни летала врз Москва, поради што се суспендирани стотици летови пред почетокот на националните празници, објавија руските власти.

На аеродромите Шереметјево и Внуково, полетувањето и слетувањето не беа можни со часови, според портпаролот на администрацијата за воздухопловство.






Руските државни медиуми објавија дека повеќе од 300 летови морале да бидат откажани или одложени, а околу 70 авиони биле пренасочени кон алтернативни аеродроми.

Другите два московски аеродроми, Домодедово и Жуковски, не се соочиле со овој проблем.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, претходно објави за пресретнување на невообичаено голем број украински беспилотни летала, околу 30 од нив. Руското Министерство за одбрана објави за вкупно 273 соборени беспилотни летала во земјата, без да даде информации за штетите.

Авиокомпаниите, исто така, ги информираа патниците за промените во распоредот на летови во Санкт Петербург и други градови.

Државната авиокомпанија „Аерофлот“ објави дека се очекува авионите што биле на алтернативни аеродроми да слетаат во Москва во текот на денот.

Се очекува распоредот на летови да се врати во нормала подоцна попладнево.

Поврзани содржини