УКРАИНСКИОТ ПИЛОТ СО КРВАВОТО ЛИЦЕ ПРОГЛАСЕН ЗА ХЕРОЈ Се катапултираше над украинска Виница, а претходно собори пет ирански дронови
Ворошилов бил во ноќна битка со дроновите на 12 октомври со неговиот Миг-29 кој на радиоврската се одзивал на името „Караја“. Пилотот подоцна на својот Инстаграм профил напиша дека четири дена откако се катапултирал од неговиот авион, се вратил и им се извинил на локалните жители за непријатностите што можеби им ги предизвикал.
Владимир Ворошилов, украинскиот пилот кој над градот Виница мораше да се катапултура од својот авион пред тој да биде уништен, а кој претходно успеа да собори пет ирански дронови Шахед-136 кои ги користи Русија, беше прогласен за „Херој на Украина“ од страна на претседателот Володимир Зеленски. Пилотот стана познат по тоа што си направи селфи со своето крваво лице и палецот кој покажува нагоре, пишува Њузвик.
„Никој и ништо не може да не скрши!“, напиша Ворошилов под сликата во која се гледа дека остатоците од авионот му исекле делови од образите и од вратот.
„Украинските одбранбени сили не ја бранат само нашата држава, тие го бранат целиот цивилизиран свет, ова е штит што го штити западниот свет од ордата, оставајќи зад себе само хаос и пустош! Но, оваа заштита е многу скапа за синовите на Украина, затоа треба да разберете и да запомните!“, додава тој.
Ukrainian pilot Vadim Voroshilov (Karaya) received the title of Hero of Ukraine from President Zelensky.
Karaya shot down Iranian Shahed-136 kamikaze UAVs over the Vinnitsa region and took his damaged plane away from the city during the fall, after which he successfully ejected. pic.twitter.com/nEqGGBFLUD
— Clash Report (@clashreport) December 8, 2022
Ворошилов бил во ноќна битка со дроновите на 12 октомври со неговиот Миг-29 кој на радиоврската се одзивал на името „Караја“. Пилотот подоцна на својот Инстаграм профил напиша дека четири дена откако се катапултирал од неговиот авион, се вратил и им се извинил на локалните жители за непријатностите што можеби им ги предизвикал.
Ворошилов напишал дека „им се заблагодарил за нивните челични нерви, за нивната сеопфатна помош дадена за време на евакуацијата и за нивната верба во вооружените сили на Украина!“
Според украинските медиуми, Ворошилов е родум од градот Кременчук во централна Украина. Дипломирал на воениот ликеј Кременчук во 2011 година, а подоцна и на Националниот универзитет на воздухопловните сили во Харков.