Олексиј Потиомкин е познат украински балетан и главен танчaр на украинската Национална опера. Сега балетанот откри на својот инстаграм-профил дека хеланките ги заменил со војничка униформа.
View this post on Instagram
Тој, како и неговите колеги, сега ја брани Украина од руската инвазија. На социјалните мрежи објавува голем број фотографии со поддршка на својот народ.
Олексиј е познат по неговите настапи како принц во „Оревокршачка“ и принцот Зигфрид во „Лебедово езеро“. Настапуваше во главни улоги ширум Европа и воодушеви многу љубители на балетот.
View this post on Instagram
Тој настапувал и за Московскиот балет, а истата институција се огласи и на својата официјална веб-страница за да изрази солидарност со Украина. Олексиј е во брак Јана Коршунова, директорка на училиште за танц во Лавов, со која го има малиот син Мишо.
ФОТО: Инстаграм