Украински тур-оператори ги посетија зимските центри во земјава
Според планираното се очекува тие да донесат гости во овие центри уште во декември.
Шапка и Маврово се во фокусот и на тур-оператори од Украина кои се во посета на земјава изминативе неколку дена. За време на информативното патување тур-операторите посетија неколку зимски центри и се информираа за можностите за зимски туризам кои ги нуди земјава.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски синоќа во Маврово ги преземнтираше потенцијалите на туризмот во земјава. Јаневски ги истакна предностите на зимскиот туризам, со посебен акцент на слободното скијање и сноубординг, за кои аранжмани од 5 до 7 дена во зимските центри како Маврово и Шапка се идеални.
– По тур-операторите од Белорусија, во посета ни се тур-оператори од Украина со цел да ја финишираат нивната идеа за носење на туристи во РС Македонија веќе од месец декември – рече Јаневски.
Тој додаде дека за успех го смета отворањето на новата директна линија со која ќе се поврзат Киев и Скопје.
– Ќе има два лета во теков на неделата при што очекувам зголемување на бројот на украински туристи во земјава. Ова е турболентно време во кое ние успеваме да отвориме нов пазар, а тоа за мене претставува огромен успех – изјави Јаневски.