📽️ УКРАИНСКИ СПЕЦИЈАЛЦИ ИЗВРШИЛЕ АТЕНТАТ ВРЗ ПУТИНОВ ГЕНЕРАЛ ВО КУРСК Генералот е тешко повреден
Генералот Еседула Абачев, од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, командуваше со Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска Народна Република“, а украинската страна го поврзува со воени злосторства против цивилите во Лисичанск.
Украинските специјални сили објавија видео и детали од операцијата во која рускиот генерал-полковник Еседула Абачев беше тешко ранет. Нападот врз возилото на генералот беше извршен длабоко на руска територија во Курската област, пишува „Украинска правда“.
Нападот се случил пред една недела, на пет километри од градот Риљск во Курск, а целта било возило во кое се наоѓал Абачев, заменик-командант на руската група на сили „Север“.
По нападот, генералот е итно префрлен во Москва, каде што наводно му се ампутирани раката и ногата поради сериозноста на повредите.
Во соопштението на Силите за специјални операции, се потсетува дека украинското обвинителство поднело обвинение против Абачев уште во 2023 година.
Рыльский р-н, КурНР, трасса Рыльск-Хомутовка (на границе с БрНР), 16/08/25: весёлая дорогаhttps://t.co/0kBKz0OWqQ #RussianUkrainianWar pic.twitter.com/IgPXfPtaBa
— Necro Mancer (@666_mancer) August 16, 2025
Веста за нападот првпат ја објави Одбранбената разузнавачка служба на Украина, која изјави дека украинските единици погодиле руски конвој на автопатот Рилск-Хомутовка и дека генерал-потполковник Еседула Абачев е сериозно ранет.
The commander of the 2nd Army Corps, Esedulla Abachev, was wounded on the night of August 16-17, when the Ukrainian Armed Forces attacked a column of the Armed Forces of the Russian Federation on the road Rylsk — Khomutovka in the Kursk region, intelligence of Ukraine. pic.twitter.com/wLAvLk3ZMK
— big ben (@alternative_war) August 17, 2025
Абачев е ветеран од бројни воени операции предводени од Кремљ. Дипломирал на Високата тенковска командна школа во Харков во 1989 година, а неговата воена кариера била обележана со учество во конфликти со голем број цивилни жртви.
„Учествувал во секоја воена операција предводена од Кремљ: ерменско-азербејџанскиот конфликт, Втората чеченска војна, руската инвазија на Грузија во 2008 година и терористичката кампања во Сирија. За секој од овие крвави подвизи, Путин лично му го доделил на Абачев Орден за храброст“, се вели во соопштението.
Од почетокот на инвазијата на Украина во февруари 2022 година, тој командуваше со Вториот армиски корпус на таканаречената „Луганска Народна Република“, а украинската страна го поврзува со воени злосторства против цивилите во Лисичанск.