УКРАИНСКИ РАЗУЗНАВАЧ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Во неговата канцеларија најдена проштална порака

Во канцеларијата до телото била пронајдена проштално писмо упатена до шефот на СБУ, Васили Маљук. Во неа починатиот полковник, наводно, го обвинува својот претпоставен за лошо управување и постојано понижување.

1,716

Полковник на украинската разузнавачка служба СБУ е пронајден мртов во неговата канцеларија во Киев, објави украинската Правда.

Украинскиот разузнавач бил пронајден со прострелна рана во главата.






„Околностите за смртта на вработениот во СБУ се истражуваат како дел од кривичната истрага спроведена од истражителите на Националната полиција на Украина.Службата ќе и ја пружи сета потребна помош на полицијата за да се спроведе целосна, објективна и непристрасна истрага “ – соопштија од СБУ.

СБУ изрази сочувство до семејството и пријателите на починатиот полковник.

Украинскиот медиум Страна потоа објави дека во канцеларијата до телото е пронајдена проштално писмо упатена до шефот на СБУ, Васили Маљук. Во него, починатиот полковник го обвинува својот претпоставен за лошо управување и постојано понижување.

„Во моментов истрагата ги утврдува мотивите на самоубиството, неколку вработени во СБУ веќе се сослушани“, изјавил изворот за Страна.

Поврзани содржини