УКРАИНСКИ ПРАТЕНИК ГО НАЛУТИ ЗЕЛЕНСКИ Зел боледување и заминал на одмор на Малдиви
На службените лица во Украина им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на возраст за регрутација им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата, пратеникот Аристов се соочува со затворска казна до три години доколку се потврди дека го прекршил законот и давал лажни информнации.
Властите во Украина истражуваат дали пратеникот Јуриј Аристов го прекршил законот кога заминал на семеен одмор на Малдивите. На службените лица во Украина им е забрането да патуваат во странство на одмор, додека на мажите на возраст за регрутација им е потребна посебна дозвола за да ја напуштат земјата. Службата за безбедност отвори кривична постапка за да процени дали Аристов давал лажни информации на властите. Тој може да се соочи со затворска казна до три години доколку биде прогласен за виновен, пренесува Би-Би-Си.
Првичната истрага покажа дека Аристов кон средината на јули со сопругата и децата бил на приватниот остров Итафуши на Малдивите, кога бил пријавен на боледување. Во странство престојувал од 5 до 22 јули, а најпрво заминал на тридневен службен пат во Полска. Аристов на одмор на Малдивите први го „уловиле“ украинските медиуми.
Постапката на украинскиот пратеник во екот на војната го налути претседателот Володимир Зеленски кој ги предупреди јавните службеници дека секое предавство на интересите на земјата предизвикува бес.
-Кога постојано ја гледате и чувствувате моралната сила што ја стекнаа за Украина нашите воини, нашиот народ, кој прави се што е можно и невозможно за победа и зачувување на слободата, секое внатрешно предавство, секое поткупување или какво било лично богатење наместо интересите на Украина, во најмала рака, предизвикува бес – рече Зеленски.
По инцидентот, Аристов поднесе оставка. Неколку високи украински функционери поднесоа оставки претходно оваа година, откако Зеленски започна претрес на владиниот персонал. Нивните заминувања уследија откако Украина започна голема акција против корупцијата.