УКРАИНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЕЌЕ ГО ИСТРАЖУВААТ ИНЦИДЕНТОТ ВО ПОЛСКА „Благодариме на полската страна што дозволи пристап“
Благодарен сум на полската страна што дозволи пристап. Ќе ја продолжиме нашата соработка на отворен и конструктивен начин, како што тоа го прават најблиски пријатели, напиша украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба.
Украински експерти веќе работат на местото на настанот во пограничната област на југоисточна Полска, каде ракета уби две лица, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тој на Твитер напиша дека Украина ќе продолжи „отворена и конструктивна“ соработка со Полска во врска со инцидентот во вторникот, во кој животот го загубија две лица.
Ukrainian experts are already working at the site of the tragedy in Przewodów caused by Russian missile terror against Ukraine. I am grateful to the Polish side for granting them access. We will continue our cooperation in an open and constructive manner, as closest friends do.
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) November 18, 2022
„Украинските експерти веќе работат на местото на трагедијата во Пржеводов, која беше предизвикана од рускиот ракетен терор против Украина“, напишал Кулеба.
Варшава и нејзините западни сојузници велат дека доказите од местото на настанот покажуваат дека експлозијата била предизвикана од украинска противвоздушна ракета која залутала во потера по руски проектил. Киев го негира ова, велејќи дека има доказ за „руска трага“ во експлозијата.
„Благодарен сум на полската страна што дозволи пристап. Ќе ја продолжиме нашата соработка на отворен и конструктивен начин, како што тоа го прават најблиски пријатели. Украинскиот претседател Володимир Зеленски инсистира дека експлозијата не била предизвикана од украинска ракета, иако Полска и НАТО во средата рекоа дека најверојатно станува збор за залутана украинска ракета за воздушна одбрана, а не за руски напад“, додава Кулеба.