🎥 УКРАИНСКИ ДРОН УДРИ ДЛАБОКО ВО РУСКА ТЕРИТОРИЈА Погодена е рафинерија оддалечена 1.400 километри од границата

Ова е украински воздушен напад извршен најдлабоко во територијата на Русија од почетокот на војната.

539

Украински дрон ја погоди руската рафинерија Орск, во регионот Оренбург, оддалечена околу 1.400 километри од украиснко-руската граница, објави украински канал на социјалната мрежа Телграм.

Рафинеријата Орск произведва бензин, како и керозин за авионско оружје, а има вкупен капацитет за преработка на 6,6 милиони тони нафта годишно. Според украинскиот канал, погоден бил дел од преработувачката единица реновиран и модернизиран во 2014 година.






На објавената снимка се гледа како руски противвоздушни единици се обидуваат да го урнат дронот со автоматско оружје. Нападот бил извршен со беспилотните летала АН 196.

Поврзани содржини