УКРАИНСКАТА ВОЈСКА ТРГНА ВО ПРАВЕЦ НА ДОНБАС? Дали наскоро ќе почне војната од која сите стравуваат?
Според извештаите со кои располагаме, во зоната на конфликтот Украина располага со 125.000 војници, што е пола од вкупниот број на припадници на војската на оваа земја, изјави Захарова.
Официјалните претставници на Русија објавуваат извештаи за голема раздвиженост на украинската војска, чии единици наводно почнале да се групираат во регионите што граничат со Донбас, побунетата територија на Украина.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Зарахова, истакна дека Украина го зголемува военото присуство во спорниот регион.
– Според извештаите со кои располагаме, во зоната на конфликтот Украина располага со 125.000 војници, што е пола од вкупниот број на припадници на војската на оваа земја – изјави Захарова.
Пред неколку дена од редовите на НАТО беше изразена загриженост за големиот број на руски војници, стационирани на границата со Украина. Во јавноста беа извадени и разузнувачки информации, според кои, Русија е во завршната фаза од подготовките за инвазија на Украина. Украинската влада отиде до таму, што објави дека Кремљ подготвувал насилна промена на власта во Киев, преку свои паравоени структури присутни во Украина.
Засега сите напори за мирно решавање на украинската криза пропаднаа. Украинските власти никогаш не ја отфрлија можноста со воени средства да ја повратат контролата над Донбас, предводен од побунетите руски сепаратисти.